Барселона размислува на продажба за дури десет свои фудбалери

Дерби

16/06/2019

14:59

3.007

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Барселона размислуваат да се ослободат од дури десет свои фудбалери, секако доколку пристигне вистинска понуда за нивните услуги.

„Каталонците“ според „Мундо Депортиво“ најпрво сакаат да се ослободат од Фелипе Кутињо за кого ќе бараат сума од 89 милиони фунти. Следен кој ќе си замине од клубот доколку пристигне вистинска понуда е голманот, Јеспер Силесен кој јасно даде до знаење дека сака да ја напушти Барселона за првотимски фудбал.

Иван Ракитиќ исто така се поврзува со трансфер, а за него заинтересирани се Манчестер Јунајтед и Интер.

Останати играчи кои ќе имаат одврзани раце да го напуштат „Камп Ноу“ се Нелсон Семедо, Малком, Рафиња, Андре Гомеш, Марк Кукуреља и Сержи Паленсија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг