Буфон откри зошто се решил да си замине од ПСЖ

Дерби

16/06/2019

14:28

2.675

Големина на фонт

а а а

Легендарниот италијански голман, Џиџи Буфон по само една сезона помината во Париз се реши да си замине од ПСЖ и кариерата веројатно ќе ја продолжи во друга средина.

Буфон откри дека имал понуда за продолжување на соработката со францускиот клуб, но ја одбил затоа што му било кажано дека ќе биде втор голман на тимот следната сезона.

– ПСЖ пред пет месеци ми кажа дека следната сезона ќе имам улога на втор голман. Од јануари имав доста време да размислам за тоа и дојдов до заклучок дека тоа не е за мене, па се откажав од многу пари и опцијата за продолжување на договорот на уште една година. Нивното барање беше апслутно легитимно, разбирливо и понудата беше примамлива. Меѓутоа, на 41 година, се уште ја имам таа потреба да чувствувам возбудување. Сега сум во иста ситуација како минатата година, во одлична состојба на смиреност каде се ми е отворено. Добив некои убави понуди, но ако ми недостасува потегот кој го сакам, тогаш би си подарил една година за себе, година во која ќе учам, -истакна Џиџи Буфон во интервју за „Кориере дело Спорт“.

Се верува дека Буфон има неколку понуди, меѓу која најконкретна е онаа на Порто тим кој го посакува како наследник на Икер Касилијас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг