Деветнаесетгодишно момче со автомобил удри двајца пешаци

Макфакс

16/06/2019

13:58

1.792

Големина на фонт

а а а

Деветнаесет годишен скопјанец синоќа околу 22.55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, со автомобил „Фиат Пунто“, удри во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје.

Притоа, едниот се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг