Избор на ново партиско раководство во СДСМ

Макфакс

16/06/2019

13:57

2.813

Големина на фонт

а а а

Денеска во Охрид ќе се одржи деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ.

На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.

Овие внатрепартиски промени следат откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев најави дека ќе го врати мандатот ако Македонија не добие датум за преговори со ЕУ. Заев најави и реконструкција на Владата со најмалку шестмина нови министри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг