Меси се огласи по катастрофалната претстава на Аргентина против Колумбија

Дерби

16/06/2019

13:56

3.237

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Аргентина одигра уште еден лош натпревар и претрпе нов пораз, овој пат од Колумбија со 2:0, на својот прв натпревар од годинешното Копа Америка натпреварување.

„Гаучосите“ одиграа лош натпревар кој не влева големи надежи кај фановите на оваа репрезентација.

Со свој коментар се огласи и капитенот Лионел Меси кој беше меѓу ретките кои се трудеа да остават впечаток на натпреварот, но не можеше се сам.

– Има позитивни работи кои може да се извлечат од овој пораз, подготвени сме да го прифатиме предизвикот кој го имаме пред себе. Немаме вребе за жалење, мора да погледнеме напред, да ги кренеме главите и да продолжиме, затоа што има уште многу да се игра на овој турнир. Колумбијците ја држеа топката многу добро, но не креираа чисти шанси, -истакна Лео Меси.

Аргентина следниот натпревар го игра против Парагвај на 20 јуни, а потоа ќе игра против Катар на 24 јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг