Ни Кулибали, ни Де Лихт: Јунајтед си најде стопер во Вест Хем

Дерби

16/06/2019

13:31

1.915

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се поврзува со безброј играчи овој летен преоден рок, а досега ангажиран е само Даниел Џејмс од Свонси.

Јасно е дека Солскјер ќе донесе и нов централен дефанзивец на „Олд Трафорд“, а во медиумите изминатите месеци се пишуваше дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Матијс Де Лихт и Калиду Кулибали.

Сепак, и двајцата се доста скапи, па Оле Гунар Солскјер вниманието сега го насочил кон друг фудбалер.

„Скај Спортс“ пишува дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе започне преговори со Вест Хем за ангажман на нивниот фудбалер, Иса Диоп.

22 годишниот фудбалер сезонава што измина одигра 38 средби во дресот на Вест Хем на кои импресионираше и го привлече вниманието на големите европски клубови.

Клубот од Лондон за него бара 60 милиони фунти, додека Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда од 45 милиони фунти, а во понудата ќе вметне и фудбалер кој би заминал на позајмица меѓу „чеканите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг