„Јапонскиот премиер го посети Техеран, а тие го наградија со торпедирање на танкерите“

Точка

16/06/2019

12:39

5.799

Големина на фонт

а а а

Саудиските власти го обвинија Иран, својот голем регионален ривал, за неодамнешниот напад на двата танкери во Оманскиот залив.

Саудиска Арабија, после Соединетите Американски Држави и Велика Британија го впери прстот во иранските власти за нападот на двата танкери во Оманскиот залив, нешто што властите од Техеран категорично го отфрлуваат.

Овојпат, мета на нападите беа јапонски танкер кој превезувал метанол, како и кипарски нафтен танкер. Американската армија во меѓувреме објави и видео на кое што тврди дека можат да се видат припадници на иранската Револуционерна гарда како од еден од нападнатите бродови острануваат неексплодирана мина.

Нападот се случи после неодамнешната посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Техеран, со цел да се обиде да ги намали тензиите помеѓу Иран и САД.


„Иранскиот режим не го почитуваше присуството на јапонскиот премиер во Техеран и на неговите напори за смирување на ситуацијата одговори со напад на два танкери, од кои едниот беше јапонски“, изјави саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед Бин Салман.

Според неговите зборови, Саудиска Арабија не сака војна во регионот, но ќе реагира на заканите упатени до народот, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг