Сам против сите: 20 секунди кои најдобро објаснуваат зошто Меси е немоќен со Аргентина

Дерби

16/06/2019

12:32

1.163

Големина на фонт

а а а

Аргентина стартуваше со пораз во Копа Америка откако ова утро загуби од Колумбија со 2:0, натпревар кој само уште еднаш ни демонстрираше дека „гаучосите“ тешко излегуваат од летаргијата која ги има зафатено веќе долги години.

Лионел Меси како капитен повторно беше приморан да се потсети на сценаријата кои се се почести, односно да се помири со пораз кога настапува за својата сакана земја. Лео повторно беше прилично немоќен и изолиран од страна на противничките дефанзивци, а видеото кое стана хит на социјалните мрежи во изминативе неколку часа најдобро ни докажува зошто ѕвездата на Барса е немоќна со Аргентина.

Меси падна на земја, стана, продолжи да трча и да ја однесе топката во противничката половина, а во моментите кога беше очигледно дека е сам против сите, доби жесток старт од Квадрадо по кој настана доста голема мешаница на теренот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг