Бразилски репрезентативец се нуди на Манчестер Јунајтед: Би можел да се вклопам…

Дерби

16/06/2019

12:15

1.395

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер ова лето ќе носи повеќе млади фудбалери кои уште од стартот ќе треба да научат што значи да се носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Веќе е ангажиран младиот Даниел Џејмс, а на пат кон „Олд Трафорд“ се и Шон Лонгстаф и Арон Ван Бисака.

Еден фудбалер кој воопшто не се споменуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед по натпреварот помеѓу Бразил и Боливија од Копа Америка истакна дека стилот на игра на „ѓаволите“ му одговара и дека добро би се снашол на „Олд Трафорд“ со што и тоа како се наметна како избор за Солскјер.

Станува збор за 23 годишниот офанзивец од Гремио, Евертон, кој постигна одличен гол на средбата против Боливија во петокот на отворањето на Копа Америка.

– Јас сум играч кој секогаш се обидува да дојде на врвот. Преферирам играње на левата страна со дриблинзи и добри завршници. Клубовите во Европа го имаат овој стил на игра, а јас можеби би можел да се вклопам во играта на Манчестер Јунајтед, -истакна Евертон.

За 23 годишниот фудбалер од таборот на Гремио бараат околу 30 милиони фунти, сума која не претставува никаков проблем за Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг