Прва голема бомба во НБА: Леброн конечно доби супер-ѕвезда за соиграч!

Дерби

16/06/2019

11:15

1.353

Големина на фонт

а а а

Човекот кој секогаш има информации од прва рака кога е во прашање НБА лигата рано наутро испорача една вистинска бомба во јавноста, обелоденувајќи го првиот сензационален трејд во најсилната кошаркарска лига, само неколку дена по завршувањето на сезоната.

Новинарот Адријан Војнаровски кој секогаш прв ги дознава информациите пред сите, пренесе дека Леброн Џејмс конечно ќе добие супер-ѕвезда за соиграч во ЛА Лејкерс, пред се благодарение на Њу Орлеанс кој ја прифатил последната понуда. Во размената се вклучени дури тројца играчи на „езерџиите“, па така за да го добијат Дејвис, Лос Анџелес се ослободи од Лонзо Бол, Брендон Инграм и Џош Харт.

На овој начин, Леброн на крајот сепак ќе го добие она што го посакуваше, а од друга страна пак, Лејкерс со овој потег се враќа на големата врата и најавува сериозна кандидатура за бркање на шампионскиот прстен наредната сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг