Андрес Иниеста во финишот на својата кариера настапува во Јапонија во тимот на Висел Кобе на кого денеска му донесе победа во пресметката со лидерот Токио (1-0).
Шпанскиот ас се најде на вистинското место во 49 минута и со мајсторски прецизен удар го измами голманот кој дефинитивно можеше многу подобро да реагира во таа ситуација.