Трамп тврди: Мојата посета беше најзабавното нешто што ѝ се случило на кралицата Елизабета!

Точка

16/06/2019

10:29

2.294

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател повторно го привлече вниманието на Британците со најновиот коментар за неговата посета на Лондон и средбата со британската кралица Елизабета Втора.

Кралицата Елизабета во изминатите 25 години посети неколку континенти, се сретна со бројни државници и познати личности, ги прослави венчавките на своите внуци и раѓањето на правнуците и присуствуваше на бројни светски церемонии.

Сепак, според американскиот претседател Доналд Трамп, таа најдобро си поминала за време на неговата неодамнешна посета.


„Имаме одличен однос, цело време се смеевме и се забавувавме. Дури и нејзините луѓе велат дека таа толку не се забавувала во последните 25 години. Ме критикуваа поради тоа што толку добро си поминавме“, изјави Доналд Трамп.

Кралицата Елизабета, која оваа година наполни 93 години, беше домаќинка на американскиот претседател Доналд и првата дама на САД, Меланија Трамп, а нивната посета помина низ сите протоколи и вечери во Бакингемската палата.


Портпаролот на Бакингемската палата изјави дека тврдењата на Трамп „не се нешто што тие би сакале да го коментираат“. Кратките медиумски извештаи покажаа формален и топол однос помеѓу најчесто „воздржаната“ кралица и „бомбастичниот“ претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг