Славниот актер воодушевен од реакциите на неговата улога во видео играта

Точка

15/06/2019

17:04

4.336

Големина на фонт

а а а

Киену Ривс одамна е многу популарен благодарение на одличните улоги во голем број на квалитетни филмови, а неговата најнова улога во играта "Cyberpunk 2077" претставува големо воодушевување за сите фанови.

Кратко по фантастичниот трејлер во текот на презентацијата на "Microsoft", на бината на E3 саемот се појавил и самиот Киану, што дополнително ја кренало атмосферата. 

Актерот имал многу што да каже за својата улога во играта "Cyberpunk 2077", но еден фан го прекинал со повикот дека го одзема здивот, што му обезбедило бесплатна копија од оваа долгоочекувана игра.

Неколку дена подоцна, и далеку од повиците на публиката, Киану имал можност да ги открие впечатоците од појавувањето на E3 саемот и во самата игра и тоа од свој агол.

Тој за IGN зборувал за светот во Cyberpunk 2077, и за тоа какви одлични работи не очекуваат во играта, како и за својата улога како еден од споредните ликови кои ќе не следат во голем број на авантури.

Во едно интервју, директорот на XBox, Фил Спенсер, ги пренел впечатоците на актерот и открил дека Киану бил едноставно воодушевен од позитивната реакција на публиката на неговото појавување, што малку и го збунило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг