“Doctor Sleep” нè враќа во морничавиот свет на “The Shining”: Погледнете како изгледа продолжението на култниот филм

Точка

15/06/2019

16:39

1.401

Големина на фонт

а а а

Во годините кои доаѓаат по дејството на “The Shining”, сега веќе возрасниот Дени Торенс запознава девојче со слична моќ додека се обидува да ја спаси од култот познат како Вистинскиот чвор чии членови “ловат” деца со дарба за да останат бесмртни.

Ова е накратко сценариото за филмот “Doctor Sleep” кој е продолжение на филмот “The Shining. “Doctor Sleep” ќе пристигне во кино салите на 8-ми ноември, 39 години по класикот на Стенли Кјубрик и, според мислењата на многумина, еден од најдобрите хорор филмови на сите времиња. 

Главната улога му е доверена на Еван Мекгрегор, додека режисер и сценарист на филмот е Мајк Фленаган. Очекувањата се големи, но Фленаган веќе еднаш успешно екранизираше роман на Стивен Кинг – “Gerald’s Game” од 2017 година. Покрај тоа, режисерот доби одлични критики поради хорор серијата “The Haunting of Hill House” која се емитуваше минатата година.

Предизвик би можел да биде фактот што, иако публиката и критичарите го обожуваат “The Shining”, самиот Стивен Кинг мразел како Стенли Кјубрик ја обработил неговата приказна. Како тој ќе реагира на “Doctor Sleep”, ќе дознаеме кога филмот ќе биде премиерно прикажан во ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг