Катерина Трајкова Нурџиева, внука на Гоце Делчев: “Гоце ќе се преврти во гробот ако дознае”

Точка

15/06/2019

16:03

11.606

Големина на фонт

а а а

Катерина Трајкова Нурџиева, македонски национален деец и внука на Гоце Делчев, во интервју од минатата година кое се' уште е актуелно, вели дека нејзиниот дедо ќе се преврти во гробот ако дознае дека некој го присвоил името “Македонија”.

Таа раскажала дека уште на 16-годишна возраст тргнала по неговите стапки и го следела секој негов чекор. Нурџиева порачала и дека Македонците треба да знаат дека Гоце и неговото семејство ѝ се посветени само на Македонија. 

“Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да умре за својата земја и токму тоа и се случило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг