Резервирал хотел на Ибица дури 250 километри далеку од плажата

Точка

15/06/2019

15:37

5.575

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите британски туристички агенции „Travel Republic“ му се извинила на патник кој резервирал хотел на Ибица, за да сфати дека е околу 250 километри оддалечен, во Коста Брава.

Имено, кога Доминик Фостер во мај резервирал туристички аранжман за себе, партнерот и синот, му било потврдено патување во август и престој во хотелот „Duquesa Playa“.

Меѓутоа, 10 недели пред патувањето од агенцијата му пренеле дека дошло до грешка и дека воопшто нема резервација во споменатиот хотел, туку во „Papi“ хотел во Коста Брава.

„Ве молиме да го примите нашето извинување за сите непријатности кои можеби ви ги предизвикавме“, навеле од агенцијата и му понудиле попуст од 60 фунти ако сака да ја задржи резервацијата за Коста Брава или враќање на парите за сместувањето, но не и за авионската карта.


„Хотелот на Ибица беше местото кое отсекогаш сакав да го посетам, а дополнително, таму ќе бидат и многу наши пријатели, баш во тој период. Разбирам дека е во ред да нѝ понудат алтернатива, но шокиран сум од тоа што нѝ понудија сосема друго место“, рекол Доминик за британските медиуми.

Уште во 2017-та година, туристичката агенција „Last minute“, продала пакет аранжмани со авионски превоз до Калифорнија, но на крајот се испоставило дека хотелот е оддалечен дури 400 километри, односно во Турција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг