Ирина Шајк заблескала на модната писта по разделбата со Бредли Купер

Точка

15/06/2019

15:23

4.933

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк била многу зафатена со приватни обврски по разделбата со Бредли Купер, а сега ѝ се вратила на работата и заблескала на ревијата по повод 90-годишнината од “LuisaViaRoma” и “Carina Roitfeld”.

Ова е прва ревија на која манекенката прошетала по пистата по разделбата со познатиот актер.  

Шајк се појавила во две модни комбинации – најпрвин носела црн кожен фустан со долги кожни ракавици, црни чорапи и високи потпетици. Нејзината коса била собрана во ниска пунџа.


Во текот на второто излегување на пистата, прекрасната Русинка носела елегантен костим со длабок шлиц под кој “ѕиркале” халтери.


Во еден момент, на пистата се појавила заедно со нејзините колешки Бела Хадид и Џоан Смолс.


Во јавноста сè уште нема многу детали за разделбата помеѓу Шајк и Купер. Како што се зборува, нивните патишта едноставно се разишле и веќе подолго време живееле одвоено. Наводно се обиделе да ја спасат врската, но не им успеало.

Познато е дека врската ја држеа далеку од очите на јавноста и дека Бредли во изминатиот период во голема мера ѝ се посвети на кариерата, додека Ирина паузираше и му се посвети на мајчинството.


За потсетување, парот ја има двегодишната ќерка Леа де Сејн Шајк Купер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг