Некогашниот супермодел во 53-та година изгледа исто како пред 20 години

Точка

15/06/2019

13:40

3.494

Големина на фонт

а а а

Некогашниот супермодел, Синди Крафорд, и понатаму изгледа неверојатно. Меѓутоа, не е само генетиката заслужна за нејзината витка линија.

Таа беше една од ѕвездите во спотот „Freedom“, на Џорџ Мајкл, во кој се појави со тогашните супермодели - Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон. Уште во тоа време, пред повеќе од две децении почна активно да вежба. 


Манекенката во 90-те години се прослави со вежби снимени на VHS касети. Иако VHS одамна “изумреа“ и се заменети со видео форми, Крафорд ја следи технолошката револуција и понатаму снима фитнес видеа кои сега си објавува на својот Инстаграм профил.

„Магловито утринско растегнување во Малибу“, напишала манекенката на Инстаграм профилот, на кој често објавува како ги поминува деновите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг