Дали и вие вчеравечер имавте проблем со Инстаграм?

Точка

14/06/2019

20:50

2.602

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер Инстаграм престана да работи за милиони корисници ширум светот. Невозможно беше прегледување и објавување на содржините, а се појавуваше и грешка преку најавување од компјутер.

„Independent“ пренесува дека вчеравечер паднал серверот и на „PlayStation“ и дека во истата вечер се погодени двете големи онлајн мрежи. Илјадници корисници на Твитер објавуваа дека Инстаграм престанал да им работи, а според „Down Detector“, проблемот се појавил кај корисници од целиот свет. Најлоша беше состојбата во Европа, САД и Бразил, а тоа е бидејќи најголем дел од корисниците од овие подрачја се онлајн.


Ова е вторпат оваа година Инстаграм да падне. Во Март беше најголемото паѓање на Инстаграм досега, кога социјалната мрежа, исто како Фејсбук и WhatsApp, не работеше со часови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг