Серија која ќе ја “разбуди“ јавноста: „Ова е премногу! Ќе ги избезуми родителите!“

Точка

14/06/2019

18:26

6.226

Големина на фонт

а а а

За неколку дена на HBO почнува да се емитува нова серија „Еуфорија“ во која главната улога ќе ја толкува Зандаја, ѕвезда од филмовите „Спајдермен: Враќање дома“ и „Величествениот шоумен“.

Во серијата се зборува за животот на адолесцентите, тоа што ги интересира, но и другата страна од животот на младите, за светот полн со дрога и развратен живот.

Тоа што посебно привлекува внимание во јавноста се екстремно експлицитните сцени во кои можат да се забележат и гениталии.

Режисерот Сем Левинсон, син на режисерот Бери Левинсон, изјавил дека оваа серија ќе ги избезуми и ќе ги налути родителите ширум светот.

Левинсон кој ги напишал сите осум епизоди, изјавил дека серијата ја пишувал на основа на лично искуство со проблеми од зависност.

Пилот епизодата за „Еуфорија“ прикажана е на новинарите, кои напишале дека ова е премногу за прва епизода, поточно премногу за сите осум епизоди.

„Машките гениталии во првата епизода, триесет од нив во еден кадар, страшна сцена кога главниот јунак ќе се предозира, давење...“ – ова се само некои од работите кои ќе ги гледате од 16-ти јуни.


„Оваа серија е прикажување на реалноста за тоа колку е всушност тешко да се порасне во денешно време “ – изјавила Мод Апато, актерка од серијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг