Светски шампиони во најневеројатни области: Белорусите се најголеми алкохоличари на светот, Германците имаат најпосакуван пасош

Точка

14/06/2019

13:34

5.531

Големина на фонт

а а а

Дизајнерот Дејвид Мекендлс направил мапа на светот која прикажува во што државите се најдобри.

Мапата наречена “International Number Ones” настанала кога Дејвид сфатил дека сите земји се најдобри во нешто, иако тоа нужно не подразбира комплименти на нивна сметка. Многу држави се најдобри во работи кои се морално недопустливи, додека други се олицетворение на позитивни статистики. 


Така, Канада се издвојува по крофните, додека во Холандија живеат најголемите љубители на кафе. Ирска може да се пофали со идеални услови за работа, а Шпанија со најголема толеранција кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Оваа мапа открила и бројни изненадувања: дали некогаш би погодиле дека во Нигерија живеат најдобрите играчи на скрабл или дека Португалија е најголемиот произведувач на плути во светот?

Еве како изгледа листата на европските држави прикажана на мапата на Мекендлс:

Австрија – платено отсуство

Белгија – безготовинско плаќање

Белорусија – алкохоличари

Бугарија – породилно отсуство

Грузија – хомофоби

Грција – љубители на сирењето

Данска - ветерна енергија

Естонија – старт ап компании

Исланд – користење електрична енергија

Италија – киви

Казахстан – ураниум

Литванија – најбрзо Wi-Fi

Србија – пушење цигари

Унгарија – порно-ѕвезди

Германија – најпосакуван пасош

Норвешка – обожаватели на пица

Турција – цензурирање на Твитер

Финска – новинарство

Франција – љубители на виски

Хрватска – трансплантација на бубрег

Швајцарија – иновации

Шведска – поп музика



Спонзорирани линкови

Маркетинг