Понекогаш не е самата работа причина поради која што нѝ е тешко секогаш кога ќе помислиме на одење во канцеларија. Едноставно, понекогаш не е лесно да се вклопите во работното опкружување, а колегите со кои моментално работите, воопшто не ви одговараат.
Опкружувањето кое дополнително нѝ создава стрес и влијае на нашата продуктивност, нормално не е добро и затоа постојат неколку типови на колеги од кои треба да се држите подалеку.
Иако ова можеби е најинтересната личност во колективот која на сите им дава позитивна енергија, навистина е тешко да се сконцентрирате на работата кога некој постојано има нешто за кажување. Во ситуација кога имате премногу работа, можеби би требало да се „одморите“ од оваа личност.
Тоа е личност која мисли дека е создадена за секоја работа и знае сè. Таквите луѓе одвреме навреме треба да ѝ посветат внимание и на тимската работа, а и треба да се потсетат на тоа дека секој е на некоја позиција со добра причина. Овде станува збор за многу амбициозни луѓе, кои нема да изреагираат професионално ако им застанете на патот на нивната кариера.
Во секој колектив постои барем една личност која се храни со озборувања. Таа секогаш знае сè за секого и сака да се впушта во повеќечасовно озборување на останатите колеги, што е крајно непрофесионално.