Најпознатиот стаклен видиковец на светот почнал да “распукува“ под нозете на посетителите

Точка

13/06/2019

15:30

7.065

Големина на фонт

а а а

Видиковецот се наоѓа на 103-от кат од највисоката зграда во Чикаго. Највисоката зграда во Чикаго е „Вилис Тауер“ висока 527 метри. На 103-от кат од зградата се наоѓа стаклен видиковец кој ги предизвикува сите туристи од целиот свет.

Меѓутоа, заштитниот слој кој го покрива тој балкон почнал да распукува.

Стаклото почнало да распукува додека на него имало туристи, но портпаролот на оваа атракција изјавил дека никој не бил во опасност.

„Таму беше една жена со две деца и изгледаа многу исплашено затоа што подот во тој момент почна да распукува“ - изјавил од „CBS“ Хесус Пинтадо кој направил и видео снимка на која се гледа како стаклото распукува.

Како што изјавиле тие, ова е вистинскиот начин на кој што заштитниот слој треба да реагира. Заштитното стакло веќе е заменето и сè е вратено во нормала.

Секоја година оваа туристичка атракција ја посетуваат 1.7 милиони луѓе, а отворена е од 2009-та година, но на одредено време била затворена во текот на 2014-та година поради истата причина - распукување на стакло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг