Нема мир во Хонг Конг: Нови судири поради контроверзниот закон

Точка

13/06/2019

14:01

1.603

Големина на фонт

а а а

Меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг повторно избиле судири, додека стотина луѓе истрајале во протестот против законот за екстрадиција во континентална Кина.

Судирот избил ден откако полицијата користела солзавец и гумени куршуми за да ги разбие насобраните демонстранти. 

Вчерашните протести пред седиштето на локалната влада довеле до одложување на расправата за законот за екстрадиција, кој предизвикал загриженост поради поголемата кинеска контрола и ерозија на граѓанските слободи во таа полуавтономна територија на Кина, пренесува "Reuters".

Претседателката на владата на Хонг Конг, Лери Лем, го осудила насилството и повикала на брза обнова на редот, но ветила дека за законот ќе се расправа.

Бројот на демонстранти пред седиштето на локалната влада опаднал во текот на ноќта, за денес во еден момент да се соберат околу 1.000 луѓе.

Нешто порано некои демонстранти се обиделе да ја сопрат полицијата која настојувала да им ги отстрани маските и избила тепачка.

Полицијата со шлемови и штитови ги блокирала премините, а полицајци во цивилки ги проверувале личните карти на патниците.

Властите соопштиле дека 72 лица се хоспитализирани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг