Сара Џесика Паркер забележа хит сцена на улица во Њујорк и со воодушевување ја сподели со фановите: „Добив дозвола за објавување“

Точка

13/06/2019

13:42

3.701

Големина на фонт

а а а

Актерката веднаш го споделила нејзиното воодушевување, пишувајќи: „Плажа на плочник“. Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ актерката Сара Џесика Паркер, наишла на необична сцена на улица во Њујорк која веднаш ја споделила со своите фанови на социјалните мрежи.

Станува збор за сцена во која двајца мажи ја “преместиле“ својата канцеларија на улица, па на лежалките уживале држејќи ги нивните лаптопи, боси, во шорцеви и без маици. 

Очигледно и на Сара ја воодушевила оваа сцена која ретко може да се види по улиците во Њујорк затоа што самата позитивно прокоментирала за тоа што го видела.

„Плажа на плочник. Благодарност до Арон и Зак“ - напишала Сара, велејќи дека добила дозвола за поставување на фотографијата на Инстаграм, со што уште повеќе ги воодушеви нејзините фанови.

„Замисли да ти пријде Сара Џесика Паркер и да ти бара дозвола за објавување на фотографија на Инстаграм“ - гласи еден од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг