Започна конечната политичка пресметка во Албанија: Претседателот Илир Мета добива црвен картон?

Точка

13/06/2019

13:21

1.756

Големина на фонт

а а а

Албанскиот парламент ја започна расправата за предлогот на владеачката Социјалистичка партија за изгласување на недоверба на претседателот Илир Мета, откако тој го поништи указот за одржување на локални избори на 30-ти јуни.

Се очекува во албанскиот парламент да се гласа доверба на претседателот Мета, после околу пет часа дебата.

Албанскиот претседател ги откажа локалните избори во државата стравувајќи, како што и самиот наведе, дека политичките тензии би можеле да прераснат во граѓански конфликт. Албанската опозиција порача дека ќе ги бојкотира и се закани дека ќе го спречи гласањето.


На владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама ѝ се потребни 94 гласови „За“ за да го отповика Илир Мета од претседателската функција, а како што пренесува новинската агенција „АП“, партијата на Рама засега нема толку гласови од вкупно 140-те пратеници.

Дури Социјалистите и да успеат да добијат 94 гласови „За“, Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука, иако судот беше нефункционален речиси една година откако повеќето од судиите во Албанија беа разрешени.


Албанскиот премиер Еди Рама инсистира на тоа локалните избори во државата да бидат одржани на 30-ти јуни, истакнувајќи дека претседателот Илир Мета не заслужува да остане на таа функција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг