Потпишани документите за екстрадиција на Асанж во САД

Макфакс

13/06/2019

12:28

883

Големина на фонт

а а а

Британскиот министер за внатрешни работи, Сајид Џавид, го потпиша налогот за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД, каде што е обвинет за хакирање и незаконско објавување доверливи документи.

Џавид рекол дека на барање на САД, тој го потпишал налогот за екстрадиција и дека денеска ќе биде испратен до судот.

Асанж се соочува со 18 обвиненија во САД, меѓу кои обвинение за шпионажа и обвинение за објавување доверливи информации и заговор за хакирање владин компјутер.

Конечната одлука за екстрадиција треба да ја донесе судот.

Минатиот месец Асанж беше уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што помина седум години откако Еквадор му додели азил. Тој сега се наоѓа во затворот „Белмарш“ во Лондон.

Асанж се соочува со обвиненија за силување во Шведска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг