Јовиќ ги освои фановите уште на првиот прес: Србинот откри зошто спиел со дресот на Реал Мадрид

Дерби

13/06/2019

10:59

641

Големина на фонт

а а а

Лука Јовиќ вчера го имаше најсреќниот ден во својот живот, бидејќи му беше исполнет животниот сон со промоцијата која ја доживеа на „Сантијаго Бернабеу“ во друштво на своите најблиски, но секако и во она на претседателот Флорентино Перез.

Првиот човек на Реал испрати мало предупредување до октровението на сезоната во Бундеслигата, но исто така при своето обраќање откри дека младиот српски напаѓач во детските денови секоја вечер заспивал со дресот на „кралскиот клуб“. Оваа изјава на Перез ги натера новинарите едно од првите прашања на пресот да бидат поврзани со оваа тема, а досегашниот голгетер на Ајнтрахт Франкфурт обелодени повеќе детали за неговото минато со дресот на Реал.

– Таа приказна е вистинска. Точно дека спиев со дресот на Реал Мадрид како мал. Ми го подари еден пријател на татко ми и уште од мали нозе сум голем фан на Реал Мадрид. Ова е најголемиот клуб во светот, – порача Јовиќ кој при обраќањето имаше и порака за Зинедин Зидан.

– Се уште не сум зборувал со Зидан. Можам да играм на секоја позиција во нападот. Сам, со втор напаѓач, тука сум за да се борам и да бидам од корист. Бензема е еден од најдобрите во светот и очекувам да научам многу од него. Сметам дека сме компатибилни, можеме да играме заедно во исто време, но Зидан ќе донесе одлука за тоа, – додаде Србинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг