Заев утрово кај Меркел

Макфакс

13/06/2019

09:15

1.675

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска и утре е во дводневна посета на Германија. Тој утрово се сретна со канцеларката Ангела Меркел, а како што беше претходно најавено, тема на разговорот се билатералните односи и прашањата на надворешната политика.

Заев уште еднаш ќе побара поддршка од Меркел во пресрет на самитот на ЕУ овој месец, за добивање датум за отпочнување на преговори со Унијата. Тој пред да замине за Германија, рече дека земјава го испорачала тоа што ЕУ го побарала и дека сега Унијата е таа од која „во голема мера ќе зависи и развојот на настаните на домашната политичка сцена“ .

Германските медиуми претходно објавија дека Меркел и не е така одлучна за давање датум во јуни за Македонија да ги почне преговорите со унијата, додека германски пратеници интернационалисти ја искритикуваа како резервирана да даде зеено светло за евроинтеграциите на нашата земја. За Заев пак овие информации и ставови на Меркел се стари и рече дека успесите кои земјава ги направила Меркел ги чувствувала како свои успеси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг