Го нарекла “дебел“, а потоа ѝ се одмаздил на генијален начин

Точка

12/06/2019

20:13

4.207

Големина на фонт

а а а

Фредерико Хил неодамна во ресторан за брза храна доживеал непријатна ситуација со непозната жена, од која излегол како победник, а откако приказната ја споделил на Фејсбук, многумина се воодушевиле од неговиот потег.

Фредерико стоел во ред за да порача храна, а позади него стоела жена со дете кое сакало да јаде пилешко месо. Таа на детето му рекла дека ако изеде повеќе од едно парче ќе биде „дебело како момчето пред него“. Тоа го налутило Фредерико, но набрзо се сетил на слатка одмазда.


„Го прашав продавачот дали послуженото месо е сè што им останало, на што тој ми одговори потврдно и дека наредните парчиња се печат. Му реков дека сакам да ги купам сите парчиња кои се останати, па така полека со нив си одев од касата“, пишува Фредерико во својата објава.


„Кога дојде на ред жената со детето, вработениот ѝ објасни дека нема повеќе пилешко месо и дека ќе мора да почека барем 30 минути додека да се испече. Таа само ме погледна и се намурти, а јас ѝ покажав среден прст и си заминав дома“, рекол Фредерико и на крајот признал дека сега останал без пари, но дека изразот на лицето на жената бил непроценлив.


Неговата ситуација воодушевила многу корисници на социјалната мрежа Фејсбук, па го поддржале со коментари. „Сите херои немаат специјална наметка“, „Колку само слатка одмазда е ова“, биле дел од нив. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг