Алисон: Беше топло, долго и тешко

КРУГ.МК

12/06/2019

17:16

476

Големина на фонт

а а а

Трката на актуелниот првак беше во опасност кога во Недела наутро иненерите откриле протекување на хидраулична течност од моторот на неговиот В10. Сепак, болидот беше расклопен и составен на време за да се појави на гридот.

И покрај проблемите, бртианецот победи, но неговата победа остана во сенка на казната која му беше дадена на Себастијан Фетел поради која германецот не победи иако прв ја мина целната линија.

„БЕШЕ ТОПЛО, ДОЛГО И ТЕШКО, НЕ САМО ЗА ВОЗАЧИТЕ КОИ СЕ ТРКАА СИЛНО, ТУКУ И ЗА СИТЕ ВО ЕКИПАТА. ПРОТЕКУВАЊЕ НА ХИДРАУЛИЧНА ТЕЧНОСТ НИ ДОНЕСЕ МНОГУ РАБОТА ВРЗ БОЛИДОТ НА ЛУИС ПРЕД ТРКАТА И НЕ БЕШЕ ВООПШТО ЛЕСНО ДА СЕ ПОДГОТВИ БОЛИДОТ. МЕХАНИЧАРИТЕ НАПРАВИЈА ФЕНОМЕНАЛНА РАБОТА ЗА ДА ПОДГОТВАТ СЕ. ЗА ТРКАЧКИ ВИКЕНД КОЈ ПОЧНА ОДЛИЧНО, ТРКАТА БЕШЕ НАВИСТИНА МНОГУ ТЕШКА“, СМЕТА ЏЕЈМС АЛИСОН, ТЕХНИЧКИОТ ДИРЕКТОР НА МЕРЦЕДЕС.

Валтери Ботас направи грешка во последниот квалификациски сегмент што го чинеше старт од 6то место, а болидите на Рено ги мина дури кон средина од трката по задолжителното менување гуим. Штом дојде до чист воздух пред себе, финецот фати залет и имаше значително подобар ритам, но немаше шанси да предизвика за подиум. Се коцкаше со сет гуми на крајот, го нападна и доби најбрзиот круг и поенот кој оди со истиот.

„ВАЛТЕРИ ИМАШЕ СТАБИЛЕН НАПРЕДОК И ДОБРА ТРКА ШТОМ ДОЈДЕ ДО ЧИСТ ВОЗДУХ ПРЕД СЕБЕ, НО БЕШЕ ТЕШКО ДА СЕ МИНАТ СИТЕ БОЛИДИ ЗАТОА ШТО РЕНО ПРЕД НЕГО БЕА МНОГУ БРЗИ. ШТОМ ГИ МИНА ИМАШЕ ДОБАР РИТАМ ДО СВОЕТО 4ТО МЕСТО ЗА ОВАА ТРКА“.

Џејмс смета дека притисокот кој Хамилтон го правел врз Фетел довело до грешката н возачот на Ферари, грешка која го чинеше трка, но и тој повеќе сакал нормална победа наместо преку казна за Ферари.

„ЛУИС ИМАШЕ ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ ТРКИ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ОТКАКО МОРАШЕ ДА ИЗВЛЕКУВА СЕ ШТО ИМА БОЛИДОТ ЗА ДА ОСТАНЕ БЛИСКУ ДО СЕБАСТИЈАН. МИСЛАМ ДЕКА Е РЕАЛНО ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ИНЦИДЕНТОТ КОЈ ДОНЕСЕ КАЗНА ЗА ФЕТЕЛ Е РЕЗУЛТАТ НА ПРИТИСОКОТ ОД ЛУИС И ПОРАДИ ТОА ТРЕБА ДА Е ЗАДОВОЛЕН ЗА ПОБЕДАТА. СЕПАК, НЕ МОЖЕ ДА СЕ УЖИВА ТОЛКУ ВО ОВИЕ УСЛОВИ, ИАКО ПОБЕДАТЕСЛУЖЕНА.

БЕШЕ ОДЛИЧНО ДА СЕ ГЛЕДА ЛУИС ДЕНЕСКА, А ПОБЕДАТА Е НАГРАДА ЗА НЕГОВИОТ ТРУД“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг