Јанева: Не сме тука да ги жалиме обвинетите

Макфакс

12/06/2019

15:40

2.219

Големина на фонт

а а а

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на денешната презентација на вториот мониторинг извештај на ОБСЕ за работата на СЈО не сакаше да одговори на прашањето на „А1он” до каде е истрагата за случајот „Империја”, дали се сослушуваат уште сведоци, колкава е вкупната штета на буџетот.

Во одговорот рече медиумот писмено да се обрати до СЈО, каде што ќе добиел одговор. Јанева рече дека тема на конференцијата не биле истрагите, туку обвиненијата и извештајот на ОБСЕ.

„Обратете се до нашата служба за односи со јавноста”, рече Јанева.

Таа во одговор на адвокатката Сања Алексиќ дека обвинетите не ги добиле бомбите како доказ и дека пречесто се на судења во неколку предмети во судот рече: „Не сме тука ние дојдени да ги жалиме обвинетите. Тие се обвинети и ќе бидат во суд. Да го почитуваме судот. Не е тука местото. Разговорите не се дадени заради заштита на приватноста”.

Извештајот на ОБСЕ е за 20 обвиненија на СЈО за периодот ноември 2016 до ноември 2018 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг