Северна Македонија направи сè што треба и сè што се очекуваше од неа и местото ѝ е во Европската унија, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конеференција со претседателот Стево Пендаровски, во Брисел.
Туск, исто така, рече дека договорите што ги постигна Северна Македонија со Бугарија и со Грција се историски и можат да бидат пример во регионот.
Пендаровски изјави дека во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе ѝ додели датум за преговори на Северна Македонија.
„Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество“, рече Пендаровски.