Роеви скакулци ги уништиле посевите и ги преплавиле куќите на италијанскиот остров Сардинија во најголемата таква инвазија во последните 70 години.
Скакулците уништиле пасишта на околу 2.500 хектари земја во централната провинција Ноуру, меѓу Отане и Оранија.
"Чекориме по теписи од скакулци", навело земјоделското здружение.
Скакулците често може да се видат на Сардинија во текот на летните месеци, но фармерите рекле дека тоа е најлошата инвазија од крајот на Втората светска војна и дека во главно се случила поради чудните временски прилики во текот на минатите две години.