Хаос во Хонг Конг: Демонстрантите тргнале на парламентот

Точка

12/06/2019

13:47

2.689

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Хонг Конг користела солзавец и водени топови против демонстрантите кои ја обиколиле владината зграда, за да се спротивстават на спорниот закон за екстрадиција.

Илјадници демонстранти, во средата, го блокирале влезот на седиштето на Владата во Хонг Конг, поради што бил одложен состанокот на парламентарците за спорниот закон за екстрадиција, кој ја кренал загриженоста поради поголемата кинеска контрола на граѓанските слободи. 

Демонстрантите ја преплавиле главната улица во Хонг Конг во која направиле барикади и се тепале со полицијата пред зградата во која се наоѓа и парламентот во кој требало да се расправа за спорниот нацрт закон. Со новиот закон би требало да им биде овозможено на осомничените за криминал во Хонг Конг да им се суди во Кина.

Измената на законот треба да ја поедностави процедурата за секој поединечен случај за одобрување на екстрадиција на бараните осомничени во други земји, вклучувајќи ги и Кина, Макао и Тајван, покрај 20-те земји со кои Хонг Конг веќе има договор за екстрадиција. Гласањето за законот е закажано за 20-ти јуни.

Противниците за усвојувањето на предложениот закон сметаат дека обвинетите во кинескиот правосуден систем нема да имаат исти права како во Хонг Конг.

Поранешната британска колонија, е вратена на Кина во 1997-ма година, со гаранција за автономија и слобода, вклучувајќи посебен правен систем.

Хонг Конг е посебен административен регион на Народна Република Кина, кој функционира како самостојна држава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг