Во јавноста протече фотографија од првите средби во новата сезона од Премиер лигата

Дерби

12/06/2019

11:53

626

Големина на фонт

а а а

Иако утре во 10:00 часот ќе се знае точниот распоред на средбите за новата сезона во Премиер лигата, денес на социјалните мрежи се појави фотографија од средбите во првото коло од најсилното натпреварување во Англија.

Се уште не е потврдено дали ова е точниот распоред или се работи само за некој пробен, но ако е тоа ќе значи дека во првото коло нема да имаме некој посебен дерби натпревар.

Бранителот на титулата Манчестер Сити ќе гостува на незгодниот Вулверхемптон, додека вторполасираниот од минатата сезона, Ливерпул ќе гостува на „Турф Мур“ кај Барнли.

Челси и Арсенал исто така ќе имаат гостувања, кај Саутемптон односно Кристал Палас, додека Тотенхем ќе го пречека новиот член на Премиер лигата, Норвич.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Брајтон, а останатите нови премиерлигаши, Астон Вила и Шефилд Јунајтед ќе се сретнат со Лестер Сити и Борнмут.



Спонзорирани линкови

Маркетинг