Таткото на Асанж: Тој наскоро ќе биде доволно добар да ја напушти затворската болница

Макфакс

12/06/2019

11:48

1.012

Големина на фонт

а а а

По наглото губење на тежината, Џулијан Асанж се стабилизира и наскоро ќе биде доволно добар да ја напушти затворската болница, изјави неговиот татко Џон Шиптон, откако го посети вчера во затворот Белмарш во Лондон.

Основачот на „Викиликс“ пред неколку недели беше преместен во медицинското одделение во затворот по изненадно и драматично губење на тежината поради болест, пишува „Сиднеј морнинг хералд“, не наведувајќи за каква болест се работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг