Кили доби внук: Се породи неговата ќерка Јоана - први фотографии од бебето

Точка

12/06/2019

10:55

8.692

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер Кирил Поп Христов – Кили, утринава стана дедо – се породи неговата ќерка Јоана која заедно со својот сопруг Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Ќерката на Кили од бракот со сопругата Гордана, утринава роди момче кое ќе го носи името Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, односно сопругата на актерот Кили, Гордана Деан Поп-Христова, која инаку е основач на познатото балетско студио „Ребис“.

На социјалните мрежи, сестрата на Јоана која живее во Скопје, Нина Деан напиша: „Добредојде на светот Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам моја сестро“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг