Францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел, ако таа сака да дојде на чело на Европската комисија.
Францускиот лидер денес рекол дека на Европската унија и е потребен некој моќен на чело на извршното тело на Европската унија, но дека нема да настојува да влијае на Маеркел, повикувајќи се на нивното пријателство.
"Кога таа би го сакала тоа, јас би ја поддржал", рекол Макрон за швајцарската јавна телевизија. Меркел минатиот месец рекла дека не сака да биде на чело на ЕК, ниту да има било каква друга политичка функција по заминувањето од местото канцеларка.
Macron says he would back Merkel if she runs for EU leadership https://t.co/CsA9gR8FrI pic.twitter.com/Sa50HWdcS9
— Reuters (@Reuters) June 11, 2019
Таа го поддржува германскиот пратеник на Европскиот парламент Манфред Вебер да го замени сегашниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, чиј петгодишен мандант на чело на Комисијата завршува оваа година.
Меркел во октомври рекла дека нема да бара реизбор по истекот на четвртиот мандат на местото канцеларка во 2021-ва година. Меркел и Макрон денес во Женева учествувале на заседанието на конференцијата за Меѓународна организација на работата.