Отфрлено обвинението против Голунов: Рускиот новинар кај кого беше пронајдена дрога ќе биде ослободен од домашен притвор

Точка

11/06/2019

19:18

1.901

Големина на фонт

а а а

Рускиот новинар Голуванов, ќе биде пуштен од куќен притвор и против него е отфрлено обвинението, соопштило Министерството за внатрешни работи на Русија.

Министерот за внатрешни работи на Русија, Владимир Колокољцев, за новинарите соопштил дека е донесена одлука да се прекине кривичното гонење на новинарот од рускиот портал Медуза, Иван Голуванов, бидејќи не се докажало неговото учество во злочинот.


„Одлучено е да се прекине кривичното гонење за граѓанинот Иван Голуванов, бидејќи не успеа да се докаже неговото учество во извршување на кривичното дело“, истакнал тој.

Додал дека Голунов ќе биде пуштен од куќен притвор и дека се отфрлени обвиненијата против него.

Голунов е уапсен на 7-ми јуни во центарот на Москва. Главната полиција соопштила дека за време на претресот на неговиот стан биле пронајдени „пет пакувања од супстанца во прав“. Експертите соопштиле дека биле во прашање околу четири грама наркотик мефедрон. Против новинарот е покрената кривична постапка поради незаконско поседување на наркотични супстанци. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг