Се прашувате што прави креаторот на „Игра на тронови“? Работи на развојот на оваа видео игра!

Точка

11/06/2019

16:59

2.823

Големина на фонт

а а а

Џорџ Р.Р. Мартин очигледно работи на многу повеќе проекти отколку што се мисли – еден од нив е видео играта “Elden Ring”.

Станува збор за “Open World” видео игра која што ја развиваат креаторите на “Sekiro” и серијалот “Souls” во соработка со авторот на една од најпопуларните телевизиски серии на сите времиња.

Популарниот автор, покрај тоа што работи на книгите околу приказната за „Игра на тронови“, тој исто така, на големо задоволство на гејмерите, работи и на продукцијата на новата игра која доаѓа од работилницата на авторите со исто така одлично портфолио.

“Elden Ring” официјално беше претставена за време на пресот на Мајкрософт на „Е3“ саемот во Калифорнија.

За жал, повеќе информации за оваа видео игра засега не се познати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг