Почеток на крајот: Американците побараа екстрадиција на Асанж од Велика Британија

Точка

11/06/2019

16:56

1.640

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за правда на САД им доставиле на своите колеги од Велика Британија формално барање за екстрадиција на Џулијан Асанж, што значи дека ќе има нови обвинувања во САД против основачот на Викиликс.

Неименуван американски функционер открил дека барањето било испратено во четвртокот. Според договорот помеѓу Вашингтон и Лондон, барањето мора да се испрати во рок од 60 дена, после апсењето на Асанж кој заврши зад решетки на 11-ти април оваа година.

Истиот договор им забранува на САД да го процесуираат Асанж за било какви наводни злочини освен за тие кои се наведени во барањето за екстрадиција, секако, доколку осомничениот не направи нови кривични дела после екстрадирањето. Во обвинението од 18 точки, обвинителите го обвинија Асанж за прекршување на Законот за шпионажа и заговор за хакирање на владин компјутер.


Од Министерството за правда не го обвинуваат Асанж за разоткривање на хакерската алатка на ЦИА од 2017-та година која е наречена „Трезор 7“, поради загриженоста дека целиот процес би ѝ нанел повеќе штета на националната безбедност на САД. Џошуа Адам Шулте, поранешен вработен во ЦИА е обвинет во сојузниот суд во Њујорк за проследување на тие информации на Асанж.

Кога Асанж беше уапсен од страна на британските власти, американските власти најавија дека ќе бараат негова екстрадиција, нешто против што тој жестоко се бори од затворот во Лондон.


Тој издржува казна од 50 седмици поради криењето во еквадорската амбасада од 2012-та година, за да избегне екстрадиција во Шведска каде што е обвинет за сексуално злоставување. Сепак, се чини дека сега шведските нема да побараат негова екстрадиција, туку тој ќе заврши во САД каде што голема е веројатноста да добие доживотна затворска казна.

Асанж минатата седмица го пропушти закажаното рочиште поради болест, а тоа го потврдија неговите адвокати за британските медиуми. Новото сослушување во Велика Британија е закажано за утре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг