Вардар го објави наследникот на Парондо за следната сезона

Дерби

11/06/2019

12:01

2.036

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар следната сезона дефинитивно ќе биде без првиот тренер, Роберто Гарсија Парондо.

За наследник на Парондо повторно е избран Шпанец, па така од следната година на клупата на вардарци ќе седи 46 годишниот Давид Хосе Писонеро.

Писонеро претходните две сезони беше тренер на тимот на Ваљадолид, а во Вардар ќе има задача да ја продолжи успешната низа на неговите сонародници, Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо.

– Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, - изјави Давид Хосе Писонеро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг