Волф: Инстинктот на Фетел го натера да брани

КРУГ.МК

10/06/2019

17:31

831

Големина на фонт

а а а

Во 48от круг, во тесните свиоци 3 и 4, Фетел изгуби контрола при влезот во свиокот и помина преку тревата, се врати на тркачката линија пред Луис Хамилтон, кој беше приморан да кочи со цел да го избегне германецот.

Иако изгледаше дека Фетел немаше друг избор освен тој, стјуардите, меѓу кои беше и поранешниот Формула 1 возач Емануеле Пиро, сметаа дека тоа било небезбедно и му доделија казна од 5 секунди на Фетел, што го ограби од победата.

Фановите во трибините и на социјалните мрежи беа гневни со одлуката, но Волф смета дека одлуката на стјуардите чиста од некакви нијанси.

„ОВА Е ТИПИЧНА ОДЛУКА КОЈА Е КОНТРОВЕРЗНА.

ЈАС СЕКАКО СУМ ПРИСТРАН ЗА МЕРЦЕДЕС И ВЕЛАМ ДЕКА ИМА ПРАВИЛО СПОРЕД КОЕ МОРА ДА ОСТАВИТЕ ШИРИНА ОД ЕДЕН БОЛИД КОГА СЕ ВРАЌАТЕ НА ПАТЕКАТА (МИНИМАЛНА ШИРИНА ИМА ОД 1 БОЛИД, ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СЛИКАТА) И СМЕТАМ ДЕКА НЕГОВАТА ИНСТИНКТ РЕАКЦИЈА БЕШЕ ДА ЈА ОДБРАНИ СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА. МОЖЕБИ ПРЕТЕРА СО ТОА.

БЕВ ПО МАЛКУ ИЗНЕНАДЕН БИДЕЈЌИ НЕ СМЕТАВ ДЕКА ЌЕ ДОНЕСАТ КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА, НО ОД ЈАСНА ГЛЕДНА ТОЧКА НА ПРАВИЛАТА, ТИЕ ИНТЕРПРЕТИРАА НЕШТО ШТО Е “ЦРНО-БЕЛО“.

НА СТЈУАРДИТЕ КОИ ОДЛУЧУВААТ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПОДРШКА. ГО ИМАМЕ ЕМАНУЕЛЕ ТАМУ, НЕМА НЕКОЈ КОЈ Е ПОПРОФЕСИОНАЛЕН И ИСКУСЕН ОД ЕМАНУЕЛЕ. МИСЛАМ ДЕКА ГО ПОГЛЕДНАЛЕ ИНЦИДЕНТОТ И ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВА. НЕ ТРЕБА ДА РЕАГИРАМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ОВА.

СИТЕ САКАМЕ СИЛНО ТРКАЊЕ И ДОКОЛКУ ДОПРЕТЕ НЕКОЈ, ИМА ПОСЛЕДИЦИ. НО МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАМЕ НА ПРАВИЛАТА И ТАКА СЕ ТРКАМЕ.

АКО САКАМЕ ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ ПРАВИЛАТА И ДА ИМАМЕ ПОСИЛНО ТРКАЊЕ, ЈАС СУМ ПРВИОТ КОЈ Е ЗА ТОА. ЌЕ БИДЕ ПООПАСНО И ПОВОЗБУДЛИВО, НО ЈАС ГО ПОДРЖУВАМ ТОА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг