Нов хиперавтомобил од Италија: Asfane Dieci Dieci изгледа навистина неверојатно

Точка

10/06/2019

16:31

2.862

Големина на фонт

а а а

Италијанската компанија FV Frangivento претстави хиперавтомобил кој може да се каже дека изгледа како да пристигнал од иднината.

Станува збор за хиперавтомобил со 1000 коњски сили, а спортскиот дизајн, атрактивните аеродинамични линии и футуристичките детали го прават моделот Dieci Dieci еден од најатрактивните автомобили на денешницата.

Секако, овој автомобил не е направен само за да изгледа убаво, туку поседува и способности за да урне бројни брзински рекорди.


Моќниот 5,4-литарски V10 мотор нуди брутални перформанси, а покрај овој „основен“ бензински агрегат, Asfane Dieci Dieci е опремен и со дополнителни два електромотори кои испорачуваат дополнителна сила и го прават овој автомобил поекономичен и побезбеден за околината.


Овој автомобил е единствениот примерок и засега нема ниту еден ваков модел на светот. Цената се уште не е одредена, а италијанските медиуми шпекулираат дека ќе се движи од 1,1 до 1,7 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг