Овој филм е толку страшен што луѓето бегале од кината после првите 20 минути

Точка

10/06/2019

18:09

6.799

Големина на фонт

а а а

Некои сцени од хоророт „The Nightingale“ биле премногу за публиката која тој филм го гледала во австралиските кина, пренесуваат тамошните медиуми.

„News“ пренесува дека гледачите го напуштиле киното во Рендвик после само 20 минути од проекцијата на филмот.

Филмот кој датира од 18-ти век, раскажува приказна за ирската осуденичка Клер, која се одмаздува за сè што се случило во нејзиното семејство.

Во првиот половина час може да се види сцена во која група мажи ја напаѓаат и силуваат Клер, а „News“ пренесува дека една жена во киното извикала: „Веќе видовме како еднаш ја силуваат, не мораме повторно!“

Повеќето гледачи не можеле да ги поднесат тешките сцени, па го напуштиле киното многу брзо после почетокот на проекцијата на филмот. Оние кои се задржале малку подолго во киното, сепак го напуштиле пред крајот, откако биле прикажани сцени во кои се малтретираат деца и бебиња и широки кадри од претепани лица.


Филмот не бил шокантен само за гледачите, туку и за критичарите. „Постојано умирање и тепање во период од два часа, колку што трае филмот е непотребно казнување на публиката и цената што ја плаќаат за самата приказна и ликовите. Постојано треба да ги покривате очите од ужасните сцени (тоа го правеше и публиката во Санденс), а тоа се коси со целта на гледањето филм“, напишал Џони Олексински, за „New York Post“.

И самата режисерка, Џенифер Кент, изјавила дека ѝ било исклучително тешко да го сними овој филм и дека истиот „ги преминал нејзините граници како човечко суштество“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг