За една година македонските граѓани потрошиле 134 милиони евра на онлајн купување

Точка

10/06/2019

10:10

8.072

Големина на фонт

а а а

Македонските граѓани потрошиле за 22% повеќе минатата година од претходната на онлајн купување. Додека странците потрошиле 5 милиони евра кон домашни е-продавници. Најмногу пари се трошат на спортска опрема и облека, електронска опрема, производи за домаќинството. Се менува трендот, се повеќе се купуваат домашни производи. Онлајн потрошувачите ги користат Групер попустите кои изнесуваат и о 90 %, а поради популарноста се проширува и на Косово.

Колку пари потрошиле македонските граѓани на електронско купување минатата година?

- Во текот на 2018 година Македонците потрошиле 134 милиони евра на онлајн купување (НБРСМ). Притоа треба да се има предвид дека зборуваме за реализирани трансакции онлајн со платежни картички, односно онлајн нарачките за кои плаќањето се вршело на врата или преку дурги методи не е вклучено. Споредено со 2017 година се работи за пораст од околу 22%. Вкупната реализирана вредност во е-трговија, вклучувајќки ги и странските картички кои вршеле трансакции кон домашни е-трговци изнесува 139 милиони евра, што значи дека странците потрошиле 5 милиони евра кон домашни е-продавници, односно имаат 4% удел во вкупната вредност.

Структурата на онлајн купувањата се менува во позитивен правец за домашните е-продавнци. Во 2017 година 70% од остварената вредност била кон странски е-продавници, додека во 2018 година таа учествува со 61%. Можеби зголемената понуда од домашните е-продавници придонела за ваквата промена во структурата на реализирани трансакции онлајн.


Што најмногу купуваат оваа година?

- Како и минатата година и оваа година најмногу се купувала облека и спортска опрема онлајн односно 55%. Сепак споредено со 2017 година се забележува пад кога 64% од нарачките биле за спортска опрема и облека, а за сметка на тоа се зголемило учеството на продизводите за домаќинство (18%) и храна (10%). Понатаму нарачките на електронската опрема учествуваат со 17%. Она што е особено значајно за е-трговците од Северна Македонија е дека за разлика од минатата година (31,7%), Македонците во 2018 година најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%). Ако во претходниот период доминантно македонските граѓани онлајн купувале од продавачи од другиот дел на светот, најновите податоци на Државниот завод за стaтистика покажуваат дека Македонците доминантно онлајн купувале од домашните е-трговци, што е особено за поздравување.

Колкав процент од македонските потрошувачи купуваат електронски?

- Објавените резултати за 2018 год. од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и покажуваат раст на онлајн трговијата што претставува мотивација за понатамошна работа со цел постигнување подобри резулатати. Во 2018 година, 31.6% од интернет корисници нарачале/купиле онлајн, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Иако мажите се поголеми интернет корисници, жените се поголеми онлајн купувачи--и во 2018 година како и во 2017 година купувале повеќе од мажите.


Колкав е попустот што го добиваат?

- Попустите кои се нудат на Grouper се најразлични, а изнесуваат и до 90%. Grouper е многу повеќе од платформа за попусти, нашата мисија е да бидеме првото место кое луѓето го проверуваат кога сакаат да купат, откријат или пронајдат било што. Од таму и нашиот слоган "Што и да посакаш, #ПрвоПроверинаGrouper". Денес Grouper заедницата брои над 200.000 корисници кои ги уживаат најдобрите зделки од над 3000 Grouper партнери со кои соработуваме. Зделките се категоризирани во три секции односно производи, патувања и услуги.

Во последните неколку години Grouper е препознаен по своите тематски маркетинг кампањи, а меѓу нив е тековната и воедно наша омилена #СкопјеГурман која 5-та година по ред ќе го претвори градот во најгурманското место до сега. Во оваа кампања учество земаат над 80 ресторани кои го нудат најдоброто од нивното мени по специјални промотивни цени. Покрај ова кампањата вклучува и наградување на најголемите гурмани со патувања и други подароци, гласање за рестораните и избор на најдобрите, хуман аспект (донации за со секое купување со Mastercard), за купено Скопско се добива +1 гратис и многу други изненадувања.


Од неодамна Групер се проширува и во Косово, дали тамошни фирми ќе нудат производи и услуги?

- Да наскоро и граѓаните на Косово ќе може да ги уживаат Grouper попустите и најдобрите зделки.

Grouper Kosovo (www.grouperkos.com) e франшиза на Grouper која наскоро ќе започне да ги нуди најголемите попусти и најдобрите зделки на косовскиот пазар, во соработка со бројни локални компании кои веднаш ја препознаа моќта на Grouper како промотивна алатка за нивните бизниси. Исто така не радува што интерес за објава на промоции за пазарот на Косово пројавија и домашни македонски компании кои со своите Grouper промоции целат да се промовираат на тој пазар и да привлечат нови клиенти.


Веруваме во потенцијалот на партнерот кој го одбравме, сигурни сме дека неговото искуство и капацитет ќе придонесат за успешно работење на новиот пазар и прераснување на GrouperKosovo во препознатлив бренд како што е тука. Заслугата на она што е Grouper денес, се темели на напорна работа, константно учење и следење на трендовите, што не би било возможно без нашиот тим од 17 млади ентузијасти и креативци, кои работат со пасија и со задоволство прифаќаат предизвици.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг