Авион-куршум тајно тестиран во Калифорнија: "Celera 500L" е подготвен, а на него во тајност се работи веќе 10 години

Точка

10/06/2019

09:40

5.449

Големина на фонт

а а а

Револуционерниот авион кој поради својот специфичен облик го добил прекарот авион-куршум, бил виден веќе неколку пати на пистите во Јужна Калифорнија, а од компанијата "Oto Aviation" велат дека леталото е подготвено за тестирање.

На авионот "Celera 500L" тајно се работи веќе 10 години, пишува списанието "Drive". 

Иако поголем дел од карактеристиките на авионот се непознати, неколку пати бил виден на тестирања на аеродромот во Јужна Калифорнија.

##https://twitter.com/SpeedBird_NCL/status/1137305793257189379##

Необичниот дизајн на авионот, во облик на солза, го прави ова летало поефикасно во поглед на аеродинамичноста и нема губење на внатрешниот простор. Дизајнот на крилата овозможува полетување на многу кратки писти, од околу 1.000 метри.

Во авионот има два дизел мотори B12 на германската компанија Raikhlin Aircraft En Develpments.

Брзината на авионот е 940 километри на час со импресивна потрошувачка од 5,80 литри гориво на 100 километри. Максималната висина е 20 километри.

Колку за споредба, другиот турбопролеперски авион "Pilatus PC-12" може да лета со брзина од 530 километри на час, притоа трошејќи повеќе гориво: 4,5 литри на осум километри пат во однос на 4,5 литри на 50 километри на "Celera 500L".

Конструкторите се надеваат дека авионот се пробие на пазарот на цивилната авијација.

Доколку авионот успешно ги направи сите пробни летови, ова летало, според патентот, би можело да биде 10 пати поефикасно од било кое во својата категорија. Чекор понапред би било оваа технологија да се пренесе и на комерцијалната авијација, што би довело до многу поефикасни летови и значајно намалување на емисијата на штетни гасови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг