Пожарникарот од "Чернобил" постоел: Починал на 25 години, во потешки маки од тоа што го прикажува серијата

Точка

09/06/2019

15:39

7.350

Големина на фонт

а а а

"Во последните два дена искашлуваше парчиња од своите бели дробови и црниот дроб. Се гушеше од своите органи", вели неговата сопруга. Екипата која работела на серијата во неколку наврати зборувала за настанувањето на серијата, а познато е дека речиси сите ликови во серијата се реални, освен нуклеарната физичарка Улана Коумјук, чиј лик всушност ги претставува сите нуклеарни физичари во СССР кои му помагале на професорот Легасов во санирање на штетата по експлозијата.

Реални ликови се и пожарникарот Василиј Игнатенко и неговата сопруга Људмила. Во серијата е прикажано и како Игнатенко оди да го изгаси пожарот во нуклеарната електрана, додека неговата бремена сопруга Људмила останува дома. 

После тоа Василиј го носат во болница во Припјат, а потоа и во Москва, каде бремената Људмила го посетува без разлика на опасноста. Василиј Игнатенко умира во маки, а Људмила после тоа раѓа девојче кое поради последиците од радијацијата умира четири часа по раѓањето.

Според некои податоци, Људмила Игнатенко е се уште меѓу живите. Има син кој живее во Киев. За својата судбина проговорила многу пред снимањето на Серијата Чернобил, и тоа во книгата "Глас од Чернобил".

Људмила на авторката на книгата, Светлана Алексијевич, и раскажала дека ден подоцна таа и Василиј требало да одат во Белорусија да ги посетат неговите роднини и дека тој од четири часот утрото требало да биде слободен од дежурство. Реакторот експлодирал во еден час по полноќ, па Игнатенко отишол да го гаси, мислејќи дека станува збор за обичен пожар.

Василиј Игнатенко по државен налог од Белорусија се преселил во Припјат, за да работи како пожарникар. Тој и Људмила се венчале во 1983-та година, а се запознале како тинејџери во 1979-та година. Во книгата Људмила ги опишала последните денови од неговиот живот и тие биле многу пострашни од тоа што го прикажува серијата.

"Секој ден запознавав нова личност. Последните два дена искашлуваше парчиња од своите органи", рекла Људмила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг