Балканот занеме од нејзината изведба: Антониа и покрај паѓањето на сцена успеа да ги воодушеви и оние со „најладно“ срце!

Точка

08/06/2019

20:32

17.314

Големина на фонт

а а а

Антониа Гиговска е единствената Македонка која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“, а вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер.

18-годишната Антониа, како јаготка на шлагот - настапи последна, а пред публиката и жирито се претстави со многу емотивна и исклучително тешка балада, француската „Је t’aime“.

Нејзината изведба го занеме жирито, бидејќи Антониа и овој пат ја изнесе целата емоција која се крие длабоко во неа.

Фановите уште еднаш докажаа дека докрај ќе ѝ бидат верни, па нивните гласови ѝ обезбедија влез во финалето на ова музичко натпреварување.

Антониа имаше мал немил настан на почетокот од нејзината изведба, кога се сопна од една од танчерките кои со својата кореографија го направија настапот комплетен. Но сепак, таа докажа дека и на 18 години може да се биде професионалец во она што од срце го работиш.

Во продожение може да го погледнете нејзиниот настап од вчеравечер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг